Ekip
09 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
АТИНА
Репортерот на грчката телевизија Јоргос Караиваз убиен е во Атина, во предградието на регионот Атика, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што објавија локалните медиуми, убиен е со најмалку шест куршуми во заседа пред неговата куќа во Алимос, а сведоците видоа две машки лица на мотоцикл кои пукаа од пиштол.
Караиваз известуваше за криминалот.
Локалните медиуми објавија дека сторителите избегале во непознат правец по убиството, додека на местото на злосторството се безбедносните сили, кко и единица за форензичка истрага.
Според информациите кои се на располагање на полицијата, Караиваз не пријавил закани и никогаш не поднел барање за полициска заштита.