08 декември 2016•Ажурирај: 09 декември 2016
МОСКВА (АА) - Адвокатот на кримскиот новинар Микола Семиња изјави дека неговиот клиент бил обвинет за екстремизам за наводно поткопување на територијалниот интегритет на Русија, за што може да биде осуден на пет години затвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Емил Kурбединов доцна вчера изјави дека Семиња, кој работи за локалната веб-страница на Радио слободна Европа, официјално бил обвинет за екстремизам. Во април, локалниот суд на кримскиот новинар му изрече забрана за напуштање на градот Симферопол.
Обвинителите претходно го обвинија Семиња дека ги оправдува актите на саботажа и екстремизам во своите статии.
Кратко време откако Русија го анектираше Крим во март 2014 година, рускиот Парламент усвои закон со кој доведувањето во прашање на територијалниот интегритет на Русија се смета за кривично дело – во овој случај тоа е спротиставувањето на окупацијата на Кримскиот Полуостров.