Ekipa
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
СОЛУН (АА) - Грчката полиција соопшти дека се спасени 50 мигранти што се држени како заложници на северот од земјата, наводно од страна на двајца пакистански државјани кои сакале да изнудат пари од нивните семејства, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата соопштуваат дека многумина од ослободените мажи се во лоша физичка состојба, бидејќи добивале мали количества храна и вода. Еден маж е хоспитализиран поради пневмонија и дехидрација.
Мигрантите, од кои 38 се од Пакистан, 10 од Бангладеш и 2 од Шри Ланка, се држени во комплекс напуштени згради источно од Солун. Поголемиот дел од нив се донесени на тaa локација пред 6 дена. Исчезнувањето на мигрантите до грчките власти го пријавиле членови на нивните семејства, кои добиле барање да дадат пари за ослободување на заложниците.
Двајца пакистански државјани се приведени под обвинение за киднапирање и уцена.