Ayhan Şimşek
22 Јануари 2025•Ажурирај: 23 Јануари 2025
БЕРЛИН (АА) - Две лица починаа, а неколкумина се повредени денес при напад со нож во парк во Јужна Германија, соопштија локалните власти, јавува Анадолу.
Полицијата уапси еден осомничен по насилниот инцидент во Ашафенбург, во југоисточната покраина Баварија, соопшти полицијата.
„Имаше напад со нож во Шоентал Парк околу 11:45 часот во кој две лица беа смртно повредени. Осомничениот е уапсен во непосредна близина на местото на нападот“, соопшти полицијата на платформата Х, додавајќи дека не постои натамошна закана за јавната безбедност.
Повикувајќи се на полициски извори, германскиот весник „Билд“ објави дека во нападот е убиено едно дете, а повредени се и двајца возрасни.
Полицијата го опколи местото на злосторството за собирање докази.
Властите не објавија информации за потенцијалните мотиви на осомничениот или за идентитетот на жртвите.
Минатиот ноември полицијата означи делови од паркот како „опасни места“.
Според јавувањата на локалните медиуми, местата се означени поради инциденти со грабежи и напади поврзани со активности со дрога.