Fuat Kabakcı
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
ПЕКИИНГ (АА) - Двајца членови на кинеска банда се осудени на смрт поради киднапирање на деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Завршено е судењето на пет лица пред судот во Гуангџоум на југот од Кина поради киднапирање на пет деца во периодот од 2003 до 2005 година.
Две лица се осудени на смрт, а ќе им биде одземен и имотот. Според податоците на Високиот народен суд во Кина, од 2015 до 2018 година правосудните органи решиле 2.806 случаи на киднапирање жени и деца.