Mustafa Melih Ahıshalı
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан Де Мистура, денес во иранската престолнина Техеран порача дека работат на тоа да го ослободат сирискиот град Алепо од групата со која се во конфликт и дека е потребно да се спречи секој облик на насилство во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Како јавува иранската телевизија ИРИН, де Мистура се наоѓа во Техеран каде се состана со официјалните лица на Министерството за надворешни работи на таа земја, во врска со кризата во Сирија.
По состанокот со заменикот на одговорното лице за афричките и арапските земји при Министерството за надворешни работи на Иран, Џабир Енсари, Мистура истакна дека ги осудува сите настани кои резултирале со смрт без разлика дали тоа се случило во источниот или западниот дел на градот.
„Ние и Генералниот секретаријат на ОН работиме на ослободување на Алепо од конфликтните групи и на тоа од него да создадеме побезбедно подрачје” , порача де Мистура.
Тој наведека дека работат на еден предлог за евакуација на цивилите и дека е потребно да се воспостави контакт со луѓето кои живеат на источниот и западниот дел на Алепо.
„Потребно е да се спречи секаков обид на насилство во Алепо”, додаде Мистура.