Burak Bir
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека делегација на Европската Унија утре ќе престојува во официјална посета на главниот турски град Анкара, при која фокус ќе се стави на односите меѓу Турција и ЕУ, како и миграциите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За време на состаноците во главниот град Анкара, Маргаритис Шинас, потпретседателка на Европската комисија и Илва Јохансон, комесарка за внатрешни работи, ќе разменат мислења за сите аспекти од турско-европските односи и соработката за миграциските прашања“, соопшти Министерството.
„Шинас и Јохансон кои за првпат ќе бидат во официјална посета на Турција во рамките на нивниот нов мандат, ја потврдуваат важноста која ЕУ ја дава на блиските односи и соработката со Турција, особено во врска со миграциските и безбедносните прашања“, се додава.
Турција аплицираше за членство во Европската економска заедница (претходникот на ЕУ) во 1987 година. Стана подобна за членство во ЕУ во 1997 година, а пристапните преговори ги започна во 2004 година. Но преговорите беа запрени во 2007 година поради противењето на администрацијата на грчки Кипар, како и на Германија и Франција.
Турција и ЕУ во март 2016 година го потпишаа Договорот за бегалци, со цел да се спречи нелегалната миграција преку Егејското Море кон Европа, со преземање строги мерки против криумчарењето луѓе и подобрување на условите за речиси 3 милиони сириски бегалци во Турција.