Günay Nuh
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
АРДАХАН (АА) - Во турската североисточна област Ардахан е запленета стара ракописна Тора при полициска контрола во еден автомобил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните сили на Автопатот Ардахан - Карс, во местото Чамличатак запреа возило при контрола.
Во возилото кое доаѓало од Кастамону бил извршен претрес, при што е пронајдена стара ракописна позлатена Тора која се смета за историско дело.
Безбедносните сили ја запленија Тората. Продолжува истрагата во врска со случајот.