Ahmet Furkan Mercan
05 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ТОКИО (АА) - Во Јапонија, популацијата на деца под 14-годишна возраст се спушти на најниско ниво од 1982 година, паѓајќи на 15 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците за детската популација ажурирани од Министерството за внатрешни работи на Јапонија, заклучно со април, населението на возраст под 14 години се намали за 200.000 во однос на истиот период претходната година.
Според последните бројки, опадна на 15,12 милиони и е на најниско ниво од 1982 година.
Детската популација, што сочинува 12 проценти од населението на земјата, се зголеми само во Токио, додека во другите префектури е намалена. Според десетгодишните графикони, детската популација во 1955 година одговарала на 33,4 проценти од населението, во 1965 година 25,6 проценти, во 1975 година 24,3 проценти, а во 1985 година се намалила на 21,5 проценти.
Детската популација, која се намали на 16 проценти во 1995 година, продолжи со падот со што во 2005 година се намали на 13,8 проценти, додека во 2015 година на 12,5 проценти.
Според податоците, континуирано се намалува од 1982 година, иако во некои години имало благ пораст.