Tolga Yanık
11 Август 2023•Ажурирај: 14 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Договорите на турскиот производител на беспилотни летала „Бајкар“ потпишани со Саудиска Арабија се најдоа на насловните страници во американските медиуми, јавува Анадолу.
„Бајкар“ минатата недела го потпиша најголемиот договор за извоз во полесто на одбраната и воздухопловството во историјата на Туркије со Саудиска Арабија.
По овој договор, компанијата потпиша договор за соработка со воените индустрии на Саудиска Арабија (САМИ) за производство на беспилотни летала „Бајрактар Акинџи“ во Саудиска Арабија.
Главното американско списание за одбрана „Breaking Defense“ го оцени значењето на договорот потпишано меѓу „Бајкар“ и Саудиска Арабија.
Во својата изјава за „Breaking Defense“, Халук Бајрактар, генералниот директор на „Бајкар“, изјави дека компанијата напредувала како „мразокршач“ и го отворила патот за турските компании од одбранбената индустрија.
„Партнерите соработници на 'Бајкар', 'Аселсан' и 'Рокетсан'“, исто така, склучија договори со Саудиска Арабија“, потсети тој.
„Благодарение на овие договори, стотици турски одбранбени компании кои произведуваат потсистеми ги прошируваат своите извозни портфолија со нови соработки“, рече тој.
„Бајкар“, исто така, ќе го сподели своето искуство, врз основа на долгогодишни студии за истражување и развој, со Саудиска Арабија и ќе придонесе за проектот „Визија 2030“ на Саудиска Арабија, кој има за цел да го локализира развојот и производството на технологијата.
„Имаше големи конкуренти и за договорот за извоз и за договорот за соработка“, рече Бајрактар, додавајќи дека и покрај тоа што има конкуренти од Кина и САД, „Бајрактар Акинџи“ е победник.
Негирајќи ги гласините за можно спојување или преземање на „Бајкар“, тој рече дека нема да има промени во структурата на компанијата и деловниот пристап.
Експертите, чии мислења беа цитирани во написот на „Breaking Defence“, изјавија дека договорите потпишани од „Бајкар“ ќе создадат долгорочна врска меѓу одбранбените индустрии на Туркије и Саудиска Арабија и дека тоа ќе ја зголеми соработката на Туркије со другите земји од Персискиот Залив во одбранбената индустрија.
Експертите, исто така истакнаа дека сојузот со одбранбената индустрија на Саудиска Арабија ќе ја подобри производната брзина и капацитетот на „Бајкар“, што е важно за да се задоволи зголемената побарувачка за турски решенија за беспилотни летала.