NnoMan Cadoret
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
ПАРИЗ (АА) - Евакуирани се околу 3.000 лица од бегалскиот камп во близина на метро станицата „Сталинград“, во северниот дел на Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Импровизираниот бегалски камп се наоѓа под метро станицата „Сталинград“ во Париз, а околу 3.000 лица кои во него најдоа засолниште се префрлени со автобуси во други бегалски кампови, на различни места во Франција.
Евакуацијата беше проследена и од гувернерот на Париз, Жан-Франсоа Каренцо. Бегалците, главно од Еритреја, Судан и од Авганистан, го направија овој камп под метро станицата во март оваа година, откако беше срушен кампот во Кале.