Vesna Besiç
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
МОСКВА (АА) - Хуманитарната пауза во сирискиот град Алепо утринава стапи на сила, а ќе трае во наредните десет часа, јавува Anadolu Agency (AA).
Хуманитарната пауза ќе трае од 09:00 до 19:00 часот.
Целта на паузата е да се спречи страдањето на цивилите, а ќе бидат отворени и осум хуманитарни коридори, од кои шест за цивилите и два за вооружените групи.
Претходно, Игор Конашенков, портпаролот на руското Министерство за одбрана, соопшти дека Русија и режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад се подготвени за повторен прекин на воздушните напади во Алепо, таканаречената хуманитарна пауза, со гаранција од меѓународните организации за подготвеност да се евакуираат цивилите.
На 20 октомври, руското Министерство за одбрана донесе одлука за воведување хуманитарна пауза во текот на која нема да се изведуваат воздушни напади на Алепо, со цел да биде овозможена евакуација на цивилите во тој град и да се повлечат вооружените опозициски групи кон Идлиб.