Mehmet Nuri Uçar
26 Декември 2022•Ажурирај: 27 Декември 2022
РАМАЛА (АА) - Еврејските доселеници запалија четири возила на Палестинците во северниот дел на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гасан Даглас, одговорно лице за досието за еврејски населени единици при Палестинската ослободителна организација, во изјавата за новинарот на АА истакна дека група еврејски доселеници извршиле напад во местата Ориф и Бурин во градот Наблус.
Тој истакна дека еврејските доселеници запалиле 4 возила во Бурин и едно возило во Уриф.
Според него, еврејските доселеници каменувале и една куќа, додека како што рече тој, ниту еден напаѓач не бил приведен од страна на израелските војници.
Според податоците на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи при Обединетите нации (ОН), до 22 декември оваа година, извршени се 594 напади врз имотите на Палестинците и 161 напад кои резултирале со повреди.
Од друга страна, според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, израелската војска приведе 13 Палестинци во рациите што ги извршила во различни градови на Западниот Брег.
Израелските сили често вршат рации во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
Одвреме навреме доаѓа до судири меѓу израелските војници и Палестинците, жители на овие крајишта, кои реагираат против извршените рации.