Enes Canlı
05 Февруари 2024•Ажурирај: 07 Февруари 2024
АШДОД (АА) - Продолжува обидот на фанатичните еврејски доселеници во Израел да ја блокираат хуманитарната помош за Појасот Газа, каде што од ден на ден се продлабочува хуманитарната катастрофа. Мнозинството од 2,3 милиони Палестинци се гладни и се борат да преживеат без чиста вода и засолниште, јавува Анадолу.
Група од десетици фанатични еврејски доселеници се собраа на излезот од пристаништето Ашдод во близина на Појасот Газа. Под надзор на израелската полиција, доселениците ги запреле камионите што заминувале одовде и ги контролирале, барајќи им документи и проверувале што носат и каде одат.
Вниманието го привлече фактот дека израелската полиција не интервенирала на инспекциите што ги спроведувале фанатичните еврејски доселеници.
Во изјавата за дописникот на АА, Шарон, еврејски доселеник од Кудс (Ерусалим), кој не сакаше да го каже своето презиме, го рече следново:
„Дојдов за да ги запре камионите што носат кислород за Хамас во Појасот Газа“ и додаде: „Газа е парче земја, држава, земја. Според нас, сите жители на Газа се терористи.“
Тврдејќи дека храната, горивото и другата помош што е пратена за Газа оди во рацете на Хамас, Шарон рече дека Велика Британија и САД биле немилосрдни во бомбардирањето на Ирак и Авганистан, и покрај предупредувањата за „човечка катастрофа“ од страна на организациите за човекови права и хуманитарна помош.
Шарон, опишувајќи ја Газа како „многу лошо место“ продолжи со зборовите:
„Дојдовме во Израел, во земјата ветена во Тора, да живееме во правда. Овие луѓе пукаат во нас. Кога се случија настаните на 7 октомври во Газа, луѓето славеа, воопшто не беа тажни. Исламот нѐ мрази. Сега е време да се плати цената“.
Запрашан за неговите размислувања да живее во Појасот Газа доколку Израел на тие простори изгради нелегални еврејски населби, Шарон го рече следново:
„Би биле многу среќни доколку се формираат населби во Газа. Тоа не би биле населби, Газа беше еврејски град пред 2000 години и пред 500 години. Газа беше наша пред 18 години.“
Фанатичните еврејски доселеници организираат протести за да спречат пратената хуманитарна помош да стигне во Појасот Газа, наменета за Палестинците кои се соочуваат со принуден глад, немаат пристап до чиста вода и криза за сместување.
Според истражувањето спроведено од израелскиот телевизиски „Канал 12“, 72% од Израелците се против „праќањето хуманитарна помош во Појасот Газа без ослободување на заробените Израелци.“