Övünç Kutlu
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
АНКАРА (АА) - Еврото денеска продолжи да паѓа во однос на американскиот долар, со што дојде на најниско ниво во последните пет години поради руско-украинска војна и затегнувањето на монетарната политика на федералните резерви, јавува Агенција Анадолија (АА).
Паритетот евро/долар падна на 1,0483, што е најниско ниво од 11 јануари 2017 година, според официјалните бројки.
Главен фактор зад историскиот пад е руската војна против Украина, која ги зголемува геополитичките ризици за Европа заедно со дополнителниот инфлациски притисок што го прави врз економијата на ЕУ.
Од руската војна против Украина, која започна на 24 февруари, паритетот евро/долар падна за 7,2 отсто, според официјалните податоци.