Mahmud Garib,Meryem Kasım
21 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
КАИРО (АА) - Тројца војници загинаа во бомбашки напад изведен во северниот дел на Синај, на североистокот од Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори наведуваат дека експлозивната направа, поставена на патот во местото Шеик Зувејд, активирана е во момент кога оттука поминувало возило кое превезувало војници.
Припадниците на безбедносните сили вршат увид на местото на настанот и ја пребаруваат околината со цел да утврдат постоење на евентуални други експлозивни направи.
Одговорност за нападот преку социјалната мрежа Твитер презеде организацијата "Wilayat Sinai" која се поврзува со терористичката организација ДАЕШ.