Mahmoud Barakat
23 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
КАИРО (АА) - Кабинетот на египетскиот претседател денес донесе одлука за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалниот телевизиски канал, Кабинетот на египетскиот претседател издаде декрет за продолжување на вонредната состојба за наредните три месеци. Меѓутоа, потребно е ваквата претседателска одлука да биде официјално потврдена од страна на парламентот.
Во април, египетскиот претседател Фатах ал-Сиси прогласи тримесечна вонредна состојба во земјата, која следуваше по бомбашките напади извршени на две цркви во северен Египет, во коишто загинаа 45 лица.
Одговорноста нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.