Hasan Esen
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ЛОНДОН (АА) - Во Лондон, главниот град на Англија, демонстрантите за заштита на животната средина ги блокираа најпрометните улици во градот да ја натераат Владата да вложи повеќе напори за борба против климатските промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите во 11 часот по локално време ги блокираа патиштата на централните локации, како што се Оксфордскиот циркус, мостот „Ватерло“, плоштадот „Парламент“ и Пикадили циркусот.
Во изјавата од групата „Extinction Rebellion“, која е организатор на демонстрациите, се истакнува дека сообраќајот ќе биде блокиран на мирен начин 24 часа. Во изјавата, исто така, се наведува дека демонстрациите ќе се одвиваат во вид на „Фестивал на креативен отпор“, кој ќе вклучува народен парламент, уметнички настани, говори, сценски претстави, работилници, а ќе има и угостителски и семејни места.
Во изјавата се истакнува дека демонстрациите може да потраат 5 дена и се повикува Владата да прогласи вонредна состојба за климатските промени и еколошката состојба. Исто така, се бара до нула да се намалат емисиите на стакленички гасови до 2025 година и да се формира народно собрание кое ќе носи одлуки за борбата против климатските промени.
Во изјавата се наведува дека имаат желба демонстрациите да прераснат во едно глобално движење, а исто така се предупредува дека е можно да има притвори за време на демонстрациите.
Досега полицијата не интервенираше врз демонстрантите.
Во ноември минатата година, илјадници демонстранти во центарот на Лондон окупираа пет мостови, а тогаш беа притворени 85 лица.