Zehra Nur Düz,Erdoğan Çağatay Zontur
10 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
АНКАРА
Експертите ја нагласија важноста за дипломатски иницијативи за поддршка на военото присуство на Турција во североисточниот дел на Сирија за воспоставување безбедносна зона источно од реката Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
„На Турција ѝ е потребен сериозен дипломатски напор за поддршка на военото присуство во Сирија“, изјави Кадир Устун, извршен директор на тинк-тенкот, Фондацијата СЕТА (SETA Foundation), во Вашингтон, на панел-дискусијата која беше спроведена вчера во Анкара.
Во одговор на прашањето на новинар на АА во врска со последиците за можната унилатерална интервенција на Турција источно од реката Еуфрат, Устун изјави дека не е возможно за Турција да ги таргетира американските трупи како што нагласил турскиот претседател.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата изјави дека Турција ќе продолжи сама доколку воспоставувањето безбедносна зона источно од Еуфрат во северна Сирија не започне до крајот на септември.
Ердоган изјави дека Турција и САД дискутираат за безбедносната зона во северна Сирија, но дека со секој преземен чекор се гледа дека сето она што Турција го сака, не се совпаѓа со она што САД го размислуваат.
Додека Турција има за цел комплетно да го елиминира гнездото на терористичката организација во северниот дел на Сирија, САД се стремат за соработка со Турција и терористите на исто копно“, изјави Ердоган.
„Изгледа дека сојузникот на Турција се стреми кон безбедносна зона во северна Сирија не за Турција, туку за терористичката група. Ние го одбиваме ваквиот пристап“, изјави тој.
„Американските трупи немаат право да ги штитат силите на ЈПГ во случај на можна воена операција од страна на Турција“, изјави Устун.
Сепак, Устун изрази надеж дека ваквата ситуација нема да го достигне тоа ниво бидејќи моменталната состојба на односите меѓу Турција и американскиот претседател е со добар интензитет.
„Цените кои Русија ги создава во регионот, за Турција, исто така не треба да бидат игнорирани“, предупреди Устун.
Устун, исто така нагласи дека можната унилатерална акција на Турција во регионот може да создаде потешкотии за Анкара во обезбедување меѓународен легитимитет за своето дејствување во идните сценарија.
„Ниту САД и Русија не се подготвени да обезбедат „сериозна“ координација и да развијат заедничка политика со Турција во Сирија“, рече тој.
Устун предупреди дека едностраниот воен чекор на Турција што го занемарува присуството на овие две сили во регионот, не само што ќе има негативно влијание врз турско-американските односи, туку ќе ја ослабне и моќта на Турција на терен.
- Турција нема луксуз да остане пасивна
Мурат Аслан, истражувач во Директоратот за безбедносни студии на СЕТА и член на Факултетот на Универзитетот „Хасан Калјонџу“ во Газиантеп, рече дека е важно да се справат со последиците од можната еднострана иницијатива на Турција во североисточна Сирија.
Тој нагласи дека Турција во моментот е во нов процес на воспоставување безбедносна зона источно од реката Еуфрат и дека овој процес веќе дава шанса на дипломатските иницијативи.
„Доколку процесот не успее, сепак Турција ја нема можноста да остане пасивна во регионот“, изјави Аслан.
„Де факто ситуацијата во Сирија директно влијае на безбедноста на Турција на негативен начин и САД јасно го поддржуваат овој процес против Турција“, истакна тој.
Аслан додаде дека еднострани иницијативи можат да имаат економски последици за Турција, но дека Анкара има капацитет да одговори на ваквите санкции.
„Само што започнавме да ги гледаме воените примени на овој процес на терен, но сè уште постојат сомневања за нивниот континуитет“, рече Аслан.
Турција и американскиот воен персонал во неделата ја завршија првата заедничка копнена патрола за воспоставување безбедносна зона источно од Еуфрат во Сирија.
Патролата беше поддржана од беспилотни воздушни летала и хеликоптери.
Турските и американските воени официјални претставници на 7 август постигнаа договор дека планираната безбедносна зона во северна Сирија ќе служи како „мировен коридор“ за раселените Сиријци кои сакаат да се вратат дома, и дека ќе се воспостави Заеднички оперативен центар во Турција за координирање на коридорот.
Договорот, исто така, предвидува воспоставување неопходни безбедносни мерки за решавање на безбедносните проблеми на Турција, вклучително и расчистување на зоната на терористичката организација ЈПГ ПКК, организација со која САД понекогаш се сојузнички, поради приговорите на Турција.
Панел-дискусијата за турско-американските односи одржана вчера, беше организирана од СЕТА, Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања.