Burak Karacaoğlu,Ömer Koparan,Eşref Musa
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ЏАРАБУЛУС / ИДЛИБ / АНКАРА (AA) - Вкупно четири цивили загинаа, а 20 се повредени во експлозиите предизвикани со возила-бомби во северниот дел на Сирија, Идлиб и Џерабулус, кои се под контрола на сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што известува новинарот на АА од Џарабулус, во експлозија на мотоцикл загина еден цивили, додека повредени се 16 цивили.
Од друга страна, во експлозија на возило во населено место во подрачјето на Ериха во Идлиб во северозападниот дел на земјата, смртно настрадаа тројца цивили, додека четворица се повредени.
Сè уште не се знае причината и сторителот на овие експлозии.