Satuk Buğra Kutlugün
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
СОЛИНГЕН (АА) - Турчин кој присуствуваше на комеморацијата на жртвите од нападот кој се случи во 1993 година во Германија, на својот пат кон дома бил претепан од страна на германската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за АА во врска со насилството кое го преживеал од страна на германската полиција, 44-годишниот Хакан Џаник рече дека ќе поднесе жалба.
Тој раскажа дека отишол на комеморацијата во Солинген за да протестира против поддржувачите на терористичката организација ПКК, но бил претепан од страна на полицијата на пат кон дома.
„Протестирав против поддржувачите на терористите бидејќи тие носеа забранети постери од Абдула Оџалан и ПКК. Ѝ го кажав тоа на германската полиција но тие грубо ми рекоа да си заминам“, изјави Џаник, чија облека беше искината и неговиот часовник и телефон беа искршени како последица од нападот.
„Се подготвував да си одам кога одеднаш еден полицаец ме турна и ме држеше на земја“, изјави Џаник.
„Ми ги врзаа рацете зад грб. Им реков дека не можам да дишам бидејќи имам астма но тие ме исмејуваа“, рече тој.
Нагласи дека ќе поднесе жалба и дека нема да дозволи овој инцидент да остане незабележан.
Турција во вторникот одржа комеморација по повод расистичкиот напад кој се случи пред 25 години во Германија, во кој беше убиено петчлено турско семејство.
На 29-ти мај 1993 година, четворица млади лица на возраст меѓу 16 и 23 години подметнаа пожар во куќата на семејството Генч во Солинген, Северна Рајна-Вестфалија, убивајќи пет лица, а повредувајќи 14. Тројца од напаѓачите беа осудени на 10 години затвор додека четвртиот доби казна од 15 години затвор.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, присуствуваше на одбележувањето 25 години од нападот врз семејството.
Терористичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, а повеќе од 30 години спроведува терористичка кампања против Турција во текот на која загинаа речиси 40.000 лица.