Haydar Karaalp
15 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
БАГДАД (АА) - Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во експлозија на автомобил бомба во Багдад, главниот град на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бомбата поставена во автомобилот експлодира во квартот Хабибие, во делот на Багдад познат како Садр“, јави безбедносната медиумска мрежа блиска на ирачките власти.
Како последица на експлозијата е забележана и материјална штета на станбените објекти во близина на местото на експлозијата.