Ekip
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
КАРАЧИ (АА) - Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени утринава во експлозија на бомба во пакистанското северозападно племенско подрачје, блиску до границата со Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Импровизираната експлозивна направа беше поставена под вреќа со овошје и зеленчук во подрачјето Парачинар, каде доминираат шиитите во претежно сунитскиот Пакистан, а активирана е со далечински управувач ” , изјави генерал мајорот Асиф Гафор, портпаролот на пакистанската влада.
Тој додаде дека припадниците на војската со поддршка на хекилоптери биле повикани да учествуваат во акција на спасување и помош на настраданите.
Повредените, меѓу нив повеќето потешко, се пренесени во болница во која недостастатокот на доктори и опрема ги принуди на воздушен транспорт со воени хеликоптери на неколку повредени во Пешавар.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Пакистан, од јуни 2014 година за време на воените операции кои и понатаму траат во племенскиот регион, во судирите и експлозиите загинаа околу 4.500 осомничени терористи и 500 војници воглавно во северниот Вазиристан и Кибер Ејџенси регионот.
Поради воените операции раселени се околу милион лица од Северен Вазиристан, од кои 30 отсто се вратиле во своите домови.