Şeyma Uzundere
05 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
АНКАРА
Најмалку 11 лица се повредени од експлозија што настана во фабрика сместена југоисточно од Бангкок, главниот град на Тајланд, известува Агенција Анадолија (АА).
Околу 3:00 часот наутро, се случи експлозија во фабрика за пластични палети во местото Банг Фли, во близина на аеродромот Суварнабуми.
Претставници на власта информираа дека од експлозијата се повредени 11 лица, од кои едното потешко, и додадоа дека повредените се префрлени во болница.
Поради експлозијата евакуирано е локалното население.
Официјални лица од аеродромот Суварнабуми, каде што се почувствува експлозијата, соопштија дека не дошло до нарушувања во редот на летање.
Не е дадена каква било изјава во врска со причината за експлозијата.
Продолжуваат операциите за пребарување и за спасување на работниците што се наоѓале во фабриката во моментот на експлозијата.