Ali Cura
27 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
КИЕВ (АА) - Во центарот на Киев, главниот град на Украина, утринава одекна силна експлозија во којашто, според првите информации, загина најмалку едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициската управа во Киев соопшти дека експлодирал автомобил на крстосницата на улиците Соломонска во Алексејевска, во центарот на градот.
Портпаролот на Мнистерството за внатрешни работи на Украина, Артем Шевченко, соопшти дека во експлозијата загинал возачот на автомобилот. Тој додаде дека станува збор за припадник на вооружените сили на Украина.
Сообраќајот во центарот на Киев привремено е запрен, а надлежните служби вршат увид и спроведуваат истрага за причината за експлозијата.