Övünç Kutlu
08 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
АНКАРА
Елон Маск, директорот на американскиот производител на електронски возила „Тесла", стана најбогатата личност на светот, оставајќи го зад себе Џеф Безос, основачот и директорот на „Амазон", јавува Агенција Анадолија (АА).
Вредноста на акциите на „Тесла" денес пораснаа на највисоко ниво досега, односно на 808,66 долари по акција, а богатството на Маск е зголемено на 185 милијарди долари.
Со тоа, од тронот на најбогата личност на светот го симна Безос чие богатство се проценува на 184 милијарди долари, а на прво место беше од летото 2017 година.
Значаен пораст на богатството на Маск е поврзано со неочекуваниот пораст на вредноста на акциите на „Тесла" од 762 отсто, од истиот ден минатата година кога акциите на „Тесла" на пазарот вредеа 93,81 долар.
Престигнувајќи го претприемачот Варен Бафет во јули и станувајќи седми најбогат човек на светот, Маск во ноември го престигна Бил Гејтс и стана втора најбогата личност.
Безос сведочеше на порастот на вредноста на акциите на Амазон во текот на пандемијата, меѓутоа неговата компанија не можеше да ја следи својата пазарна вредност од 1,61 милијарди долари.
И покрај пазарната капитализација на „Тесла" од 761 милијарда долари која заостанува зад „Амазон", инвеститорите веруваат дека производителот на електронските автомобили има место да напредува, особено ако светот во наредната деценија нагло премине од фосилни горива на електрични автомобили.