28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
ЊУЈОРК (АА) - Њујорк се збогува и му оддава почест на Коби Брајант, кошаркарската ѕвезда, кој на 41 година загина во хеликоптерска несреќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Симболот на Њујорк, зградата Емпајер стејт, е осветлена во боите на Лос Анџелес Лејкерс во кои Брајант ја помина целата своја богата кошаркарска кариера.
Брајант со Лејкерси освои пет титули на НБА-шампиони. Два пати е прогласен за МВП (Највреден играч) во финалето од НБА-лигата, а 18 пати играше на олстар-натпревар. Играчката кариера ја започна во 1996 година, а ја заврши во 2016.
Американската кошаркарска легенда Коби Брајант (41) загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година во Калабалас, Калифорнија.