Hüseyin Burak Demirer
01 Февруари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Лос Анџелес Лејкерс го одигра својот прв натпревар по смртта на Коби Брајант, кој почина во хеликоптерска несреќа минатата недела, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Лејкерси синоќа ја пречекаа екипата на Портланд Трејл Блејзерс. „Стејплс центарот“ беше исполнет со дресовите на легендарниот и трагично починатиот Коби Брајант. Дресовите со броевите 8 и 24 беа на секое седиште во салата на ЛА Лејкерс.
Пред натпреварот им беше оддадена почит на сите загинати во хеликоптерската несреќа на 26 јануари, вклучувајќи ја и Џијана, ќерката на легендарниот кошаркар.
Почест одаде и американскиот пејач Ушер, пеејќи ja „Amazing Grace“. На присутните им се обрати и Леброн Џејмс, кој го носеше дресот со број 24.
Беше прикажано и видео за Брајант со негови изјави и одиграни натпревари.
Брајант со Лејкерси има освоено пет титули во НБА-лигата. Двапати е прогласуван за МВП на финалето на НБА-лигата, а 18 пати играше на Ол-стар натпревар. Својата кариера ја започна во 1996 година, а ја заврши во 2016 година.
Американската кошаркарска легенда Коби Брајант (41) загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година во Калабасас, во сојузната американска држава Калифорнија.