Safvan Allahverdi
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербас, ги предупреди муслиманите во САД на катастрофалното штетно дејствување на терористичката организација ФЕТО предводена од Фетула Ѓулен кој престојува во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Ербас за време на своето престојување во САД укажа на потребата на поефективна борба против групите кои во основањето настанале наводно како исламски но се претвориле во терористички, како што се ФЕТО, ДЕАШ и ПКК.
Потсетувајќи на обидот за државен удар во Турција кој терористичката организација ФЕТО се обиде да го изврши на 15 јули во 2016 година, Ербас укажа и на потребата на правилно информирање на луѓето кои беа под влијание на ФЕТО за да го надоградат своето верско знаење во согласност со Куранот и суннетот на божјиот пророк Мухамед.
„Луѓето кои паднаа под влијание на терористичката организација ФЕТО им треба правилно верско знаење“, изјави Ербас.
Ербас исто така укажа и на растот на исламофобијата во САД.
„ Друг важен проблем против кој мораме да се бориме е исламофобијата. Настојувањата исламот да се прикаже како насилна и опасна вера секој ден се се поголеми. Во спротивност со штетните настојувања ние мораме да го покажеме топлото лице на исламот како и сфаќањето дека исламот е вера на мирот не само за муслиманите туку за сите луѓе“, појасни Ербас.
Претседателот на турскиот Дијанет кој го предводеше џума-намазот, редовната заедничка молитва на муслиманите во петок во Центарот на Дијанет за САД во Вашингтон, одговараше на прашања на новинарите и се состана со турската заедница во САД.