İlkay Güder,Alaattin Doğru
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
НЏАМЕНА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган допатува во официјална посета на Чад, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на Меѓународниот аеродром во Нџамена го дочекаа претседателот на Чад, Идрис Деби, амбасадорот на Турција во таа земја, Ердал Сабри Ерген и други официјални лица на двете земји.
Со Ердоган допатуваа неговата сопруга Емине и голема делегација која ја сочинуваат: министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за образование Исмет Јилмаз, министерот за земјоделство Ахмет Ешреф Факибаба, министерот за енергија Берат Албајрак, министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш, министерот за транспорт, поморство и комуникации Ахмет Арслан, министерот за економија Нихат Зејбекџи, министерот за одбрана Нуретин Џаникли и началникот на турскиот Генералштаб, Хулуси Акар.
Ердоган и Деби би требале да се состанат во Претседателската палата, по што ќе следува и средба на делегациите. Планирано е и потпишување на неколку договори, а ќе биде одржана и прес-конференција.
Во рамките на посетата на африканските земји, турскиот претседател Ердоган по посетата на Судан и Чад би требало да го посети и Тунис.