Aydoğan Kalabalık
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
КАИРО (АА) - Во Египет се погубени 15 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните извори наведуваат дека судот во Египет поради терористичките напади на Синај на смртна казна осудил 15 лица.
Осудените лица се погубени во затворите во египетските градови Александрија и Бахеира. Наведено е дека овие лица биле вклучени во терористички активности на Синај и дека биле членови на одредени монотеистички движења.
Од Министерството за внатрешни работи на Египет сѐ уште нема официјално соопштение.
Откако на власт дојде претседателот Абдел Фатах ел Сиси погубени се осум лица. По последното погубување, бројката се искачи на вкупно 23 погубени лица.