Ali Cura
12 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
МОСКВА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот руски колега, Владимир Путин, разговараа за тензиите во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кремљ се наведува дека Путин и Ердоган разговарале за сириската криза.
Соопштено е дека лидерите продолжуваат да водат преговорите за различните кризни состојби, а посебна тема била влошената ситуација во зоната на деескалација на судирите во Идлиб.
„Во разговорот е нагласено значењето на потполната имплементација на руско-турските договори, вклучувајќи го Договорот од Сочи од 17 септември 2018 година. Донесена е одлука во согласност со тие цели да се извршат додатни контакти преку надлежните институции“, стои во соопштението.