Andaç Hongur,Berk Özkan
02 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со катарскиот емир Шејх Темим бин Хамед ал Тани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателските извори, Ердоган за време на телефонскиот разговор упатил честитки до Ал Тани поради успехот на Катар на Азискиот фудбалски клуб во 2019 година, чиј првак е Катар.
За време на разговорот била потврдена одлучноста за уште поголемо зајакнување на односите меѓу Турција и Катар во секоја област.
Двајцата лидери се согласиле да бидат во близок контакт.
Граѓаните ширум Катар синоќа излегоа на улиците и централните плоштади за да ја прослават историската победа на својата фудбалска репрезентација која во финалето на Азискиот Куп 2019 ја совлада Јапонија и за прв пат стана азиски првак.
На улиците на главниот град на Доха излегоа илјадници граѓани кои носат знамиња и пеат патриотски песни.
Инаку, неколку илјади луѓе натпреварот од финалето го гледаше на огромниот екран кој беше поставен на централниот плоштад во катарската престолнина. Фудбалската репрезентација на Катар во финалето на Азискиот куп 2019 ја совлада Јапонија со 3:1 и стана првак на Азија.