Süleyman Tunç
02 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Порпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) Омер Челик во врска со донесувањето на одлуката на Израел да не го продолжи времетраеењето на мисијата на Привременото меѓународнот присуство (TIPH) во градот Ел Халил, истакна дека овој чекор на Израел покажува дека се планираат нови агресии, јавува Anadolu Agency (AA).
Челик во објава на Твитер реагираше околу овој случај.
„Чекорот на Израел покажува дека се планираат нови агресии. Целиот свет го повикуваме да биде повнимателен во врска со состојбата во Ел Халил. Тврдењето на Владата на Нетанјаху дека Привременото меѓународно присуство работи против Израел, не е убедлив. Изговорот на Владата на Нетанјаху е напор за искривување на фактите и покажува дека Привременото меѓународно присуство својата работа ја врши на објективен начин“, напиша Челик.
Според Челик, јасно е дека Израел овие чекори ги прави за да го избегне почитувањето на меѓународното право и должноста за одговорност.
Челик нагласи дека целиот свет треба да биде внимателен во врска со состојбата во Ел Халил.
„Привременото меѓународно присуство (TIPH), на покана на палестинската администрација и Израел, од 1997 година е присутно во регионот, со цел поддршка за осигурување безбедност и стабилност за Палестинците во Ел Халил. Чекорот на Израел покажува дека се планираат нови агресии. Целиот свет го повикуваме да биде повнимателен во врска со состојбата во Ел Халил“, додаде Челик, портпарол на АК Партијата.