Andaç Hongur
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со рускиот претседател, Владимир Путин, и претседателот на Украина, Петро Порошенко, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, во двата телефонски разговори беше разговарано околу настанатата тензија во последните денови во Црно Море меѓу Русија и Украина.
Турскиот претседател Ердоган во двата разговори изрази загриженост поради случајот, и укажа на важноста од решавањето на проблемите преку дипломатски начин.