Şerife Çetin
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Единаесеттата вежба за киберкоалиција, која е најсеопфатна вежба на НАТО во областа на кибербезбедноста, се одржува во Естонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Вежбата се одржува во градот Тарту во Естонија, и ќе трае 3 дена со учество на сојузниците и партнерите на НАТО, како и на претставниците на Европската Унија (ЕУ) и академските кругови.
Главна цел на вежбата во која учествуваат околу 700 учесници, е развивање на капацитетот за заштита на мрежата на НАТО и националната мрежа на земјите членки на НАТО против можни закани.
Исто така, целта на вежбата е развивање и на соработката и координацијата меѓу НАТО и сојузниците во киберобласта, а во рамки на вежбата ќе се реализираат воени операции во киберобласта.
„Киберзаканите против нашата алијанса станаа уште поинтензивни и подеструктивни. Еден кибернапад врз наш сојузник би влијаел врз сите нас. Затоа, развивање на кибербезбедноста е приоритетна за НАТО“, се наведува во писменото соопштение на НАТО во врска со вежбата.