Jeyhun Aliyev
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
БАКУ
Неодамнешниот обид за прекуграничен напад од страна на ерменските трупи во северозападниот дел на Азербејџан е насочен кон проектите за енергија и транспорт спроведени од страна на Баку и Азербејџан, изјави денес азербејџанска пратеничка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ганира Пашаева, член на парламентот, за АА изјави дека единствениот пат кој го поврзува Азербејџан со Западот преку Грузија поминува низ подрачјето Товуз, каде ерменските сили го прекршија прекинот на огнот со Азербејџан во недела, убивајќи 12 војници, вклучувајќи високи офицери и еден цивил и ранувајќи четири други војници.
„Доколку Ерменија заземе стратешки точки, со единствениот главен пат кој ги поврзува Азербејџан и Турција, заедничките линии за енергија и транспорт на двете земји можат да бидат погодени во секој момент од страна на нивните вооружени сили. Ова е една од целите на Ерменија напаѓајќи го подрачјето Товуз“, изјави Пашаева.
Нагласувајќи исто така дека Ерменија отворила оган врз населените места, таа изјави дека Ереван се обидува да посее паника во регионот.
„Но, луѓето не ги напуштија нивните домови. Нивниот напад врз цивилите ќе ја чини Ерменија скапо“.
И покрај меѓународните повици за воздржаност, ерменските трупи отворија оган врз населени области во селата Агдам и Дондар Куску во кои животот го загуби 76-годишен Азербејџанец.
Пашаева нагласи дека азербејџанската власт од Баку очекува остра реакција од страна на светот и меѓународните организации за ерменските напади.
„Меѓународна организација која не регираше на ова прашање, ќе го открие нивното вистинско лице. Меѓународна организација за човекови права треба да ги забележи правата на тие луѓе“, изјави таа.
Пашаева нагласи дека групите за човекови права кои ги поддржувале нападите од страна на терористите и пучистите во Турција на 15 јули 2016 година, исто така не реагираат ниту на нападите врз цивилите во Азербејџан.
Пашаева посочи дека ситуацијата во регионот била под контрола на азербејџанската армија.
Минатата недела, ерменската армија се обиде да ги нападне позициите на Азербејџан со артилериски оган врз северозападното погранично подрачје Товуз, повлекувајќи се по претрпените загуби по одговорот од страна на азербејџанската армија.
Азербејџан ја обвини Ерменија за провокативните дејствувања, додека Турција го поддржува Баку и го предупредува Ереван дека нема да се двоуми да се спротистави на било каков напад врз својот источен сосед.
Ерменската армија во 1991 година го окупираше регионот Нагорно-Карабах, меѓународно признатата територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и решенија на многу меѓународни организации, се однесуваат на овој факт и бараат повлекување на професионалните ерменски сили од Нагорно-Карабах и седум други окупирани региони на Азербејџан.