Ata Ufuk Şeker,Şerife Çetin
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
БРИСЕЛ
За време на самитот на Европската унија (ЕУ) во Брисел е одржан протест против францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европските лидери денес настојуваат да постигнат договор за планот за опоравување на економијата на Унијата, а посетата на Макрон на Брисел ја одбележаа протестите на стотици граѓани кои ги носеа знамињата на Камерун.
Извикуваа и слогани како: „Убиец Макрон“, „Камерун поради Макрон не може да дише“.
Белгиската полиција интервенираше со солзавец, а на тоа подрачје се пратени и возила со водени топови. Приведени се и неколку демонстранти кои се обидоа да ги преминат бариерите.
Демонстрантите сметаат дека Франција и Велика Британија соработуваат за повторно да ја конолизираат Африка.
Макрон претходно, ситуацијата, кога се во прашање човековите права во Камерун, ја опиша како „неподнослива“, предизвикувајќи реакции во таа африканската земја.
Дел од Камерун е претворен во француска колонија пред Првата светска војна. Францускиот Камерун стекна независност во 1960 година.