Şerife Çetin
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) изјави дека декларацијата за автономија на Јужниот транзициски совет на југот на земјата, кој е поддржан од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ќе им наштети на напорите за крај на војната, стабилноста и мирот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на прашањата на новинарите на дневната прес-конференција, портпаролот на Комисијата на ЕУ, Питер Стано, истакна дека договорот меѓу јеменската Влада и Јужниот транзициски совет постигнат на 5 ноември во Ријад, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), бил значаен и позитивен развој.
Наведувајќи дека основната потреба на јеменскиот народ е мирот, Стано рече: „Декларацијата за автономија на Јужниот транзициски совет го крши Договорот од Ријад и им штети на напорите за прекинување на војната и стабилизирање во земјата што се водат под покровителство на Обединетите нации (ОН).“
Стано, истакнувајќи дека ЕУ ги повикува сите страни во Јемен да ги исполнат членовите на Договорот од Ријад, нагласи дека граѓаните на Јемен не треба повеќе да страдаат.
- Договорот од Ријад -
Трупите наречени „Хизам Емини“, при Јужниот транзициски совет поддржан од ОАЕ, на 10 август ја зазедоа контролата врз привремениот главен град на оваа земја, Аден, а потоа и во Ебјен и Шебве.
Во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, на 5 ноември 2019 година, меѓу јеменската Влада и Јужниот транзициски совет, поддржан од Обединетите Арапски Емирати, беше потпишан договор за враќање на Владата во Аден, формирање на политичка влада и поврзување на сите воени единици со министерствата за одбрана и внатрешни работи. И покрај потпишувањето, Договорот не беше спроведен.
На 20 април беше потпишан нов договор за спроведување на Договорот од Ријад меѓу јеменската Влада и Јужниот транзициски совет.