Gamze Türkoğlu Oğuz
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
ХЕЛСИНКИ (АА) - Во железничка несреќа во јужниот дел на Финска повредени се најмалку осум лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува финскиот медиум „FNB“ (ФНБ), до несреќата дошло во Расеборг, кој се наоѓа 85 километи југозападно од главниот град Хелсинки.
Не е познат бројот на загинатите, но постои сомневање дека повеќе лица смртно настрадале и оти жртвите се војници.
Министерот за одбрана на Финска, Јуси Ниинисто, на социјалната мрежа изрази жалење за потресните вести.