Şerife Çetin
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Финските полициски официјални лица соопштија дека 18-годишното момче за кое постои сомневање дека во петокот, во градот Турку со нож уби двајца, а повредени осум лица, е Абдерахман Мечках, со потекло од Мароко, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните лица истакнаа дека ова е прв терористички напад во земјата извршен со нож.
Според нивните зборови, цел на напаѓачите биле жените, а меѓу жртвите и повредените има шест жени. Двајца мажи беа повредени при обидот да им помогнат на нападнатите жени.
Одговорност за нападот не презеде ниту една терористичка организација, а уапсени се четири лица, меѓу кои и еден од потерница на Интерпол.
Финските медиуми објавија дека на напаѓачот, кој дошол во земјата во 2016 година, му било одбиено барањето за азил.
Во тек е лекување на напаѓачот кој беше застрелан во ногата, а во согласност со ситуацијата, тој преку видеоконференциска врска од болницата ќе присуствува на судењето.