Mohamed Majed,Hacer Çakır
24 Април 2024•Ажурирај: 25 Април 2024
ГАЗА (АА) - 34.262 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година, јавува Анадолу.
Во соопштението на палестинското Министерство за здравство во Газа се дадени информации за израелските напади врз Појасот Газа што траат веќе 201 ден.
Наведено е дека во последните 24 часа се убиени уште 79 Палестинци, а 86 се ранети.
Со новиот број на загинати, вкупниот број убиени лица во израелските напади од 7 октомври минатата година се зголемил на 34.262. Во истиот период повредени се 77.229 Палестинци.
Се додава дека под урнатините и покрај патот има уште мртви, но поради пречките на израелските сили, медицинските екипи и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.