Muhammed Nuri Erdoğan
01 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Заврши гласањето за „Фотографии на годината“ на Агенција Анадолија (АА), при што беа избрани најдобрите фотографии во три категории.
Во гласањето за „Фотографии на годината“ на АА учествуваа 312.136 лица, можеше да се гласа за 68 фотографии во категориите „Вести“, „Живот“ и „Спорт“, а фотографиите беа снимени во Турција и во различни места низ светот.
Во гласањето што траеше во текот на декември за најдобра фотографија во категоријата „Вести“ беше избрана фотографијата со тема „Првата жена пилот на борбен хеликоптер“ снимена од страна на Ајтач Унал.

На фотографијата е прикажана 28-годишната заменик полициска комесарка Озѓе Карабулут додека е на служба, а таа влезе во историјата како „прва турска жена пилот на борбен хеликоптер“, а е на должност во Полициското одделение за авијација.
Исто така, вниманието го привлече и фотографијата на кучето по име Атмаџа, што ја изврши својата задача во зоната каде што беше реализирана операцијата „Маслинова гранка“ во Сирија заедно со ветеринарот наредник Ахмет Акдал, кој како последица на терористички напад врз базата го загуби својот живот. Оваа фотографија го прикажува Акдал заедно со кучето.

Најдобрата фотографија во категоријата „Живот“ со тема „Атмаџа, аманетот на синот“ ја сними Изет Мази во семејната куќа на Акдал во градот Кахраманмараш, каде што кучето Атмаџа продолжува со својот живот.
Во категоријата „Спорт“ како најдобра фотографија е избрана фотографијата насловена како „Шампионот Мете Газоз“ снимена од страна на Али Атмаџа. Оваа фотографија го отсликува моментот на радост по победата на спортистот на турскиот тим, Мете Газоз, во категоријата поединечно натпреварување во стрелаштво на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Резултатите од гласањето се достапни на турски и на англиски јазик на „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“.