Ahmet Esad Şani
02 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Заврши пријавувањето за „Istanbul Photo Awards 2019“, меѓународниот натпревар во фотографии, кој оваа година по петти пат се организира од страна на Anadolu Agency (AA).
Професионалните фотографи кои во рок од 3 месеци имаа можност да се пријават на натпреварот преку официјалната интернет-страница, ги испратија своите фотографии кои ги направиле во 2018 година.
Во натпреварот учествуваат околу 15.000 фотографии од над 100 земји.
Првакот од категоријата „Поединечни вести“ ќе ја добие наградата „Најдобра фотографија на годината“, додека фотографот на таа фотографија ќе добие парична награда од 8.000 долари.
Победниците во останатите категории ќе добијат по 5.000, второпласираните по 3.000 и третопласираните по 1.500 долари.
Жирито на натпреварот се состои од истакнати меѓународни лица од областа на фотографијата. Ова жири на 20 и 21 април ќе се состане во Турција, кога членовите ќе ги утврдат победниците кои потоа ќе бидат прогласени на 25 април.
Во жирито ќе се најдат Мерион Мертенс, уредничката за дигитални медиуми на неделникот „Париз мач“ (Paris Match); Јури Козјрев, фоторепортер и член на агенцијата NOOR; Џорџес де Керл, фоторепортер и советник за визуелни медиуми; Мишел Ското, директор за дистрибуција на фотографии и деловен развој во агенцијата AFP; Дебора Копакен, фоторепортерка и писателка; Ахмет Сел, главен уредник на визуелните вести на АА и Фират Јурдакул, уредник на фотосервисот на АА.