Ekip
02 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
БАГДАД (АА) - Ирак и Јордан отворија заедничка индустриска зона на границата меѓу двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
На свеченоста на границата на Ирак и Јордан присуствуваа ирачкиот премиер Адел Абдул Махди и неговиот јордански колега Омар Разаз.
На денешниот настан присуствуваа и многу високи официјални претставници, бидејќи соседите ги зајакнаа своите односи откако беше поразена терористичката организација ДЕАШ, која го контролираше подрачјето на Ирак со границата на Јордан.
Денес официјално беше отворен и граничниот премин меѓу двете земји.
Во состав на Договорот на двете земји, кој е потпишан кон крајот на декември минатата година, Ирак, кој е богат со нафта, ќе го снабдува Јордан со 10.000 барели нафта дневно по пониска цена.
Од Кабинетот на премиерот Абдул Махди објавија дека на ирачките официјални претставници им се врачени 1.300 парчиња антиквитети кои јорданските власти ги конфискувале од криумчарите.