Zafer Fatih Beyaz
18 Август 2022•Ажурирај: 18 Август 2022
ЛАВОВ (АА) - Заврши состанокот на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, со украинскиот претседател Владимир Зеленски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот се одржа во палатата Поточки во Лавов.
Се истакнува дека состанокот траел околу два часа и бил затворен за медиумите.
Претходно беше соопштено дека на состанокот ќе се разговара за сите аспекти на односите меѓу Туркије и Украина на ниво на стратешко партнерство.