Oktaj Omeragikj
27 Март 2025•Ажурирај: 27 Март 2025
СКОПЈЕ (АА) - Во италијанскиот град Торино патнички автобус падна во реката По, а во несреќата животот го загуби возачот, известува Анадолу.
Во градот Торино, сместен во северозападниот дел на Италија се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби возачот на патнички автобус. Несреќата се случила откако возачот на автобусот ја изгубил контролата над возилото и паднал во реката По што минува низ центарот на градот.
Локален минувач со мобилен телефон го снимил моментот кога автобусот паднал во реката.