Riyaz Khaliq Khaliq
03 Септември 2024•Ажурирај: 05 Септември 2024
ПЕКИНГ (АА) – Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои пет деца, кога училиштен автобус удри во пешаци пред средно училиште денес во Источна Кина, известува Анадолу.
Несреќата се случи во градот Таијан во провинцијата Шандонг.
Меѓу загинатите има шест родители и пет деца, а 13 лица се повредени.
Возачот на автобусот е приведен, а истрагата е во тек.