Emre Gürkan Abay
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
МОСКВА (АА) - Русија и НАТО ќе учествуваат на заедничка вежба што ќе се одржи во територијалните води на Пакистан во 2021 година, прв пат по 10 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на поморската команда на Русија во Црното Море се наведува дека руските воени бродови ќе учествуваат во вежбата „АМАН-2021“ што ќе се одржи во пакистански води следната година.
„На вежбата ќе учествуваат над 30 земји“, се наведува во соопштението и се додава: „На вежбата ќе учествуваат поморските сили на Пакистан, Русија, Турција, САД, Кина, Јапонија, Индонезија и Малезија.“
Се истакнува дека заедничката вежба на бродовите на руската морнарица со бродовите на морнарицата на НАТО ќе се одржи за првпат по 10 години, по вежбата ‘Болд Монарх-2011‘, реализирана на шпанското крајбрежје во 2011 година.