Dmitri Chirciu
30 Ноември 2022•Ажурирај: 30 Ноември 2022
МОСКВА (АА) - Руските и кинеските воени авиони извршија заедничка патрола во Азиско-пацифичкиот Регион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Русија се наведува дека воздухопловните сили на Русија и воздухопловните сили на Кина извршиле заедничка воздушна патрола.
„Авионите извршија летови над Јапонското и Источното Кинеско Море“, се вели во соопштението.
Се додава дека во заедничката патрола учествувале рускиот борбен авион од типот „Ту-95МС“ кој носел ракети и кинескиот стратешки бомбардер од типот „Хун-6К“.
Авионите за време на патролирањето биле придружувани од руски воени авиони „Су-30СМ“ и „Су-35С“, а летот на руските бомбардери траел околу осум часа.